АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Семејството, пријателите, членови на Здружението на пензионири, неговите пријатели денеска се простија со неодамна починатиот претседател на Здружението на пензионери во Битола, Томе Димитровски. Со едноминутно молчење присутните му одадоа почит на Димитровски, а во името на пензионерите се обратија актуалната претседателка на битолското Здружение, Даница Петличкова и Станка Трајкова, претседател на Сојузот на здруженијата на пензионери во земјава.
По повод Меѓународниот ден на стари лица, Здружението на пензионери од Битола покрена иницијатива за вклучување на неговите членови во поуспешно користење на библиотечниот фонд во НУ Универзитетска библиотека „Св Климент Охридски“. Претседателот на Здружението Томе Димитровски и директорот на Библиотеката м-р Бојан Стефановски потпишаа меморандум за соработка со цел реализација на заеднички проекти и активности од двостран интерес.
Членовите на Здружението на пензионери можат да ја користат привилегијата за повластена цена за годишна членарина во износ од 150 денари за користење на литература. За таа цел Библиотеката ќе ги стави на располагање просторот и салите за промоции по повластени цени, како и користење на читални и услуги од Одделот за периодика. За поуспешно запознавање на членовите на Извршниот одбор на Здружението на пензинери свои излагања имаа Јелана Петровска и Лидија Мицевска. На денешната средба се разгледаа и можностите како пензионерите поуспешно да го користат библиотечниот фонд на „Св. Климент Охридски“.
Предложено да се отвори канцеларија на ЕВН во центраот на градот за полесно да ги плаќаат сметките за струја
Министерот за здравство во Владата на Р.С.Македонија денеска се сретна со битолските пензионери, членови на Здружението на пензионери-Битола. На средбата претседателот на Здружението Томе Димитровски рече дека посетата на министерот Филипче е работна средба со цел пензионерите да се информираат лично од министерот за укинување на квотите за лекови во аптеките како и за други мерки и политики на Владата во делот на здравството.
Филипче им го објасни на пензионерите новиот начин на функционирање со укинувањето на квотите за лекови на рецепт со што како што кажа се решава деценискиот проблем со недостиг на лекови и турканиците кај матичните лекари и во аптеките на почетокот на секој месец. Со оваа мерка, истовремено се зголемува контролата при издавањето на лековите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување и се елиминира фаворизирање на аптеките и спречување на конкуренција.
Како министерство инвестираме во кадар, вработување на нови лекари и персонал во Битолската болница, само 14 нови лекари во Здравстевиот дом во Битола, рече Филипче, додавајќи дека се распишани и нови специјализации.
Потоа Филипче рече дека Владата вложува во оригинални инсулини, со сертификат како што е во ЕУ. Зголемен е буџетот и за ретки болести и за други мерки на Владата.