2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Новите порти на манастирскиот комплекс „Св. Јован Бигорски“ ги изработија вработените од Фабриката за опрема и делови од Новаци. Портите деновиве беа поставени на влезот од храмот. Својата умешност и креативност ФОД ја покажа во повеќе наврати во изминатите месеци, покрај работните задачи изработувајќи и донирајќи и влезни врати и огради за повеќе битолски училишта, градинки и други институции.

Фабриката за опрема и делови ФОД ДООЕЛ – Новаци изработи посебен простор за складирање на течните отпадоци од храна од градинката „Мајски цвет“ –Битола.

-На овој начин отпадоците од течната храна ќе бидат соодветно отстранети и чувани се до нивното депонирање на комунален отпад. Станува збор за метална конструкција оградена со лим, како кутија  за чување на отпадот која досега била отворена, вели Методија Тасевски, директор на ФОД-ДООЕЛ – Новаци.

Благодарност за донацијата на ФОД ДООЕЛ - Новаци, искажаа од градинката додавајќи дека новиот простор ќе служи  за современ еко начин на собирање и отстранување на помијата.

-Заедно градиме современи градинки, велат од ЈОУДГ „Мајски цвет“-Битола.

fod 1

ФОД -Битола и во изминатата година свои изработки донираше во неколку училишта во градот, за скоро ќе бидат донирани печки за училиштето во Црнобуки , како и изработена врата за Бигорскиот манастир.

Според најавите на директорот Тасевски наскоро ќе бидат донирани и кутии за спортска опрема за ФК Пелистер, урбана опрема за Месни заедници,ограда за училиштето во селото Могила како и детски играчки.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани