АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Врнежите ја наполнаа со вода Црвена Река, една од притоките на Драгор што доаѓа од Пелистер. Фотографија ни ја испрати читател кој има викендица во Ниже Поле од каде минува речниот тек. На фотографијата се гледа дека речното корито е полно со вода и брзаци. Жители и викендаши од Ниже Поле велат дека Црвена не ја виделе со толкав воден потенцијал со години наназад.
Од ЈП Водовод уште вечера соопштија дека водотеците на реката Драгор се полни вода, а подоцна реката однесе и дел од коритото. Инаку Драгор го полнат три помали реки, Сапунџица, Лаг Поток и Црвена Река. Црвена Река е продолжение на изворите од реонот на Мало Езеро,а во близина на Ниже Поле се влева во Драгор и продолжува кон Дихово, а потоа и кон градот.
Вкупната должина на Драгор е 25 123 км со обем на вододелниците од 67 км, слив од 188 километри квадратни и среден пад од 17 промили. Количеството на вода во реката зависи исклучиво од врнежите и подземните води на Баба и Пелистер.