2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Артилериските гранати од Првата светска војна, кои се појавија при градежните активности околу стадионот под Тумбе Кафе, со утрешните ископувања ќе достигнат бројка од околу 10.000 парчиња. Градоначалничката Наташа Петровска и дел од општинската администрација остварија средба на терен со членовите на Дирекцијата за заштита и спласување, кои деновиве работат на отстранување на овие експлозивни направи.

„При изведбените активности на Општина Битола кај стадионот, наидовме на многу специфична ситуација, на остатоци на гранати од Првата светска војна. Изведувачот веднаш ја стопира работата, по шо беа известени СВР Битола, МВР и Дирекцијата за заштита и спасување и беа преземени првите чекори за 24 часовно обезбедување на градилиштето уште од првиот момент. Деновиве интензивно се отстранува експлозивниот материјал, а со тоа ќе се овозможи понатаму да продолжат градежните активности. Ова е уште една потврда за тоа што се случувало во минатото на оваа територија, со последици до денешен ден. Благодарение на стручните лица за оваа проблематика, очекувам дека набргу ќе бидат создадени услови за изведувачот околу стадионот, со што ќе се отстрани било каков ризик од експлозивните средства“, рече градоначалничката Петровска.

7 пиротехничари од целата земја работат на отстранување на артилериските гранати 75 милиметри од Првата светска војна.

„Моментално имаме 8364 складирани неексплодирани гранати, не рачунајќи ги овие на самото место. Се додека не се заврши и не се отстрани и последната граната, ќе работиме на терен. Во оваа состојба гранатите не се опасни, бидејќи се извадени запалките, освен ако не бидат зафатени од пожар или било каква запаллива материја. Понатаму, во декември се закажани термини за да бидат уништени на воениот полигон Криволак“, истакна Ѓорѓи Стефанов, пиротехничар во Дирекцијата за заштита и спасување, подрачно одделение Битола.

Се очекува на овој опфат, да бидат остранети околу 15.000 артилериски гранати, преостанати од периодот на Првата светска војна.бомби 55

бомби 66

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани