АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција обвинија дека по промената на власта и поставувањето на партиски кадри за директори на училиштата, во ОУ„Елпида Караманди“ во Битола како наставник по матаматика се вработил братот на градоначалничката Наташа Петровска.
„Денес ја прашуваме градоначалничката Наташа Петровска, дали е точно дека нејзиниот брат е вработен како наставник по математика во ОУ „Елпида Караманди“, веднаш по поставувањето на партиски кадар за директор на ова основно училиште. Ја прашуваме исто така, дали е точно дека вд директорката на ОУ „Даме Груев“ е сопруга на директорот на ЈКП „Комуналец“, Панде Богоевски и дали директорките на двете гимназии во Битола се исто така во роднинска врска. Зборот транспарентност го слушавме во текот на целата предизборна кампања, па очекуваме и ние и граѓаните на таков начин да добиеме одговор на овие прашања“, изјави Викторија Христовска од ВМРО-ДПМНЕ.