2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Улицата „Широка“ на битолскиот Баир, повеќе од една година е раскопана, со искршен асфалт и ивичници, иако таа  е улицата со чие асфалтирање прво се пофали бившиот градоначалник Владимир Талески откако излезе од куќниот притвор, осомничен за криминал со бесплатниот школски  превоз тежок 360 000 евра.

На битолскиот екс градоначалник Владимир Талески веќе му течи стажот како да е актер, дознаваме од извори во театарот. Правната служба веќе го пријавила на старото работно место и се очекува дури да земи плата за последните денови од месец откомври откако е пријавен како вработен актер..

Владимир Талески нема да се повлече од јавноса. Веќе нема да го гледаме во градоначалничкиот кабинет, туку на театарските штици. Откако му истече третиот градоначалнички  мандат, тој денес покрена постапка за да се врати како актер во Битолскиот народен театар.

Клучот од општина Битола денес заврши во рацете на новата градоначалничка Наташа Петровска. Симболично, по влегувањето во градоначалничкиот кабинет, и го даде екс градоначалникот Владимир Талески. Овој клуч не само што ја отклучува општинската врата, туку е и вреден сувенир кој се доделува по втор пат во историјата на градот. Првиот клуч беше направен пред десетина години и подарен на француската општина Епинал по повод 40 години од збратимувањето со Битола.

Доскорешниот градоначалник на Општина Битола, Владимир Талески денеска, после  речиси 13 години владеење, сам си замина од зградата на  општината. После примопредавањето на градоначалничкиот кабинет на новата градоначалничка Наташа Петровска, Талески излезе од задната страна на општинската зграда. Единствено до неговиот автомобил го допрати досегашниот личен возач, ниту еден друг од неговите вработени, ниту од неговите поддржувачи, не излегоа да го испратат стариот градоначалник . Талески влезе во автомобилот и тивко си замина.   

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани