АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денеска по повод Европскиот ден на органодонорството се одржа настан за подигнување на свесноста за значењето на донирањето на органи и ткива, како и донирањето на коскена срцевина како начин на лекување и спасување човечки животи. Настанот е посветен на сите семејства кои донираа органи од своите блиски, како и на донаторите на коскена срцевина. По повод Европскиот ден на органодонорство, министерот за здравство др Венко Филипче, Националниот координатор за трансплантација на органи и ткива др Маја Мојсова Мијовска и директорката на Клиниката за хематологија др Ирина Пановска Ставридис направија ретроспектива на спроведените активности на полето на трансплантацијата во изминатите две години и се освраа на значењето на трансплантација во земјава.