2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Во периодот од 19.9.2022 до 23.9.2022 ООУ Ѓорѓи Сугарев - Битола беше домаќин на 25 ученици и 10 наставници од партнер земјите Германија, Португалија, Холандија, Италија и Ирска, учеснички во проектот „Барање идентитет во време на социјални медиуми“ поддржан од програмата Еразмус+. За таа цел ученици од IX и VIII одделение беа ангажирани во активности предвидени според договорот.

307639296 1153444002185470 4405312434389799561 n


Во обид да го претставиме нашиот град Битола, но и нашата земја во најдобро светло, како и да ја прикажеме нашата широкограда гостопримлива природа подготвивме нестандардна програма која ја реализиравме на различни локации од нашиот град и околијата со цел на гостите да им го доловиме нашето непроценливо богатство, а сепак да се задржиме на главната тема на посетата „Лажни Вести – дезинформација и пропаганда!“

309326187 698294422010114 232733458625991278 n

Горди сме што успеавме да покажеме дека Битола умее вешто да се носи рамо до рамо со културата на европските земји. За успешна реализација на активностите несебично ни помогнаа со своја поддршка Општина Битола и градоначалникот Тони Коњановски, кој овозможи прием на гостите во салата на Советот на Општина Битола каде присуствуваше Овластен просветен инспектор на Општина Битола Марина Стефановска – Јовчева и Раководител на одделение за јавни дејности Снежана Петровска. Присутните ги поздрави и член на Советот на Општина Битола м-р Анета Георгиевска, како и директорот на ООУ Ѓорѓи Сугарев – Битола м-р Роберт Филиповски. Приказната ја продолживме со активности во ЈОУ Културен информативен центар каде не угости директорот д-р Лили Бошевска и овозможи учениците да ги покажат своите музички таленти, НУ Музеј на Битола и домаќинот Билјана Стефановска, факти за градот Охрид изнесе проф. д-р Зоран Тунтев, а работилница на тема Биодиверзитетот во Националниот парк Пелистер проткаена со лажни информации одржа Виолета Сотировска од Пелистер - Инфо Центар со што учениците ги заокружија своите компетенции за откривање Лажни Вести. За зајакнување на комуникацијата меѓу учесниците преку натпревар по куглање се погрижи Кугларски клуб Пелистер од Битола.

306863888 440524478143311 5432147669057301036 n

Проектот „Барање идентитет во време на социјални медиуми“ опстојува и се одржува преку виртуелни средби цели две години во пандемиски услови под координаторство на м-р Биљана Темелкова, наставник по англиски јазик при ООУ Ѓорѓи Сугарев – Битола. Тимот кој работи на проектот е составен од 6 наставници кои посветено работат на постигнување на целите на истиот.

Овој проект има за цел да укаже на нивото на свесност кај наставниците и учениците за правилната употреба на социјалните медиуми и медиумската писменост, како и да се осврне на потребата да се надмине недостигот на знаење за медиумска писменост кај младите, како и кај пошироката популација. Се фокусира и на укажување на опасностите што ги предизвикуваат социјалните мрежи кај младите. Учениците кои секојдневно примаат огромна количина на информации од широк спектар на извори ќе станат подобри критички мислители, паметни потрошувачи кои ќе препознаваат различни гледишта. Се надеваме дека во иднина наставниците ќе обрнат повеќе внимание до кој степен нивните ученици ги користат социјалните медиуми и на кој начин, но и ќе посветат особено внимание да ги научат како да бидат повнимателни кога ги користат социјалните медиуми.

307530599 549132513637336 1278232916588216189 n
Покрај главната цел на проектот, оваа седмица значеше многу повеќе за нашите ученици во смисла на создавање пријателства меѓу самите нив, но и нивните семејства. Врски кои ќе траат и моменти на кои ќе се сеќаваат до крајот на животот – вели координаторот м-р Биљана Темелкова.

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани