2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

 Наша интенција е да го продолжиме рокот за легализација преку нов Закон за да може да им се даде можност на сите физичи и правни лица кои досега не ги легализирале објектите или подземната инфраструктура, тоа да го сторат, истакна истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Новиот предлог Закон за добивање на правен стстус на бесправно изградените објекти веќе е влезен во собраниска процедура. Со него се очекува да се продолжи рокот за легализација на дивоизгардените објекти со нов рок по предлог на локалните самоуправи.

„Според новиот предлог Закон, а за кој очекуваме поддршка од пратениците, висината на надоместокот е утврдена со висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште во секоја општина посебно -комуналии- и се зголемува за 50 проценти. Од плаќање на надоместок со предлогот ослободени се примателите на социјална помош, државни органи, единици на локална самоуправа, јавни субјекти како и верските објекти. За бесправните објекти кои се изградени во одредени заштитени подрачја  со новиот предлог закон се предвидува да се побара согласност за легализација од органите надлежни за управување со овие подрачја. Сакам да напоменам дека првично со овој предлог закон крајниот рок за легализација беше за објекти изградени до 1 октомври 2019 година, а беше на барање и со силна поддршка на локалните самоуправи и градоначалниците”, изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани