АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Фабриката за опрема и делови од Битола во очи на утрешниот голем христијански празник донираше клупи и шандани во црквата “Св. Кирил и Методиј“ што е главна црква во манастирот во селото Лознани во Општина Могила.
Според Методија Тасевски, директор на ФОД-Битола, донацијата е изработена на барање на манастирската црква, при што се поставени шест клупи и шандани за свеќи. А овој месец фабриката донирала и во црквата „Св. Илија“ во селото Крклино како и во црквата во селото Брусник. Тасевски вели дека од фабриката наскоро ќе бидат испорачани и донации што ги побарале други црковни одбори, месни заедници, училишта и градинки.