АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Само еден месец по преземањето на функцијата новата градоначалничка на Општина Могила Јасмина Гулевска, веднаш се зафати со сериозна обврска да гради училиште во селото Ношпал.
Станува збор за монтажен објект со три училници во кои во две комбинирани паралелки ќе учат 14 ученици.
-Моментално во ОУ"Браќа Миладиновци" во селото Ношпал учат 14 деца. Училиштето го гради МЗТ „Инжинеринг- Битола“. Станува збор за монтажно училиште со три училници. До кота 0.0 обврската е на општина Могила во износ од 702.500 денари додека делот над кота 0.0 е обврска на Министерството за образование и тој износ не е познат на општина Могила, велат од општина Могила.