АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Несовесен возач ја загрозил безбедноста на вработени на ЈП „Паркинзи“ додека обележувале пешачки премин во центарот на градот. Од „Паркинзи“ апелираат до возачите да бидат трпеливи и да ги почитуваат сообраќајните правила.
Продолжува обележувањето на пешачките премини во Битола, со неколку екипи на терен. Денеска се работи на улицата „Партизанска“, а според динамиката на терен, ќе се продолжи и во останатите делови од градот.
Општина Битола, согласно потпишаните договори со операторот за изведување на пешачките премини, побара од изведувачот на сите места, на кои што бојата од претходното бележење на хоризонталната сигнализација во градот не се задржа во потребниот рок, да го повтори бојадисувањето на сопствен трошок.
Повторно се бележат пешачките премини во Битола. Бележењето го прават неколку екипи на терен, најпрво во централното градско подрачје, особено на фреквентните улици, а потоа, ќе се продолжи и во останатиот дел од градот.
Наскоро повторно ќе се бележат пешачките премини, соопштија од Општина Битола. Бележењето ќе го прават неколку екипи на терен, најпрво во централното градско подрачје, особено на пешачките премини кај училиштата и фреквентните улици, а потоа, ќе се продолжи и во останатиот дел од градот.