АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со гребен асфалт се санираат дел од помалите споредни улици во градот и во руралните средини, со цел да се затворат дупките по улиците и да се намалат прашините на што реагираат граѓаните.
Екипи на ЈП „Нискоградба“ деновиве активно работат на поставување и тампонирање на гребен асфалт на дел од улиците „21-ва“ и „22-ра“ во близина на Хотел Битола, дел од ул. „Ванчо Јаневски“, мала улица во состав на ул. „Цар Самоил“, пристап до улица кај крстосницата меѓу с.Трново и с. Ниже Поле, дел од ул. „Рашанец“ во Горно Оризари, како и улички во с. Бистрица.