2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Екипи на КЈП „Нискоградба“ во текот на целата ноќ без запирање беа на улиците низ Битола, а исто така со полна пареа се продолжија и денес со расчистување на снегот, соопштија од претпријатието. Од таму велат дека обилниот снег и студеното време го отежнуваат чистењето на снегот, тврдат дека со цела механизација ќе останат на терен.

„Екипите работеа цела вечер. Заедно со подизведувачите на терен беа 12 машини и камиони. Продолжуваме и денес. Се очекува врнежите да престанат попладне. До крајот на денот сите патишта ќе бидат проодни. Моментално поради континуираните врнежи нашите екипи повторно ги чистат улиците од прв и втор приоритет и локалните патишта до селата во Општина Битола“, рече директорот на „Нискоградба“, Методија Силјановски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани