2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Полицијата пресече меѓународен канал за транспорт на наркотични дроги од Република Албанија кој минувал низ Македонија, а дрогата како крајна дестинација се носела во Грција. Вчера Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, во заедничка акција со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единицата за брзо распоредување и ресенската полиција пронашла и одзела 65 килограми марихуана во вредност од 200 000 евра.

Имено, во утринските часови, на регионалниот пат од Трпејца кон Стење, преку Галичица, биле сопрени две патнички возила, марка „мерцедес“, со албански регистарски ознаки, кои учествувале во вршењето транспорт на дрогата. При извршен преглед на возилата, од кои едното било управувано од К.К (25)., каде како совозач бил М.Ф.(28), а второто од Ф.Б.(42), биле пронајдени и одземени 3 големи торби со марихуана, спакувана во 44 пакувања.

Албанските државјани се приведени, а по насока на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен, дрогата е предадена на вештачење, при што било утврдено дека станува збор за вкупно 65 килограми марихуана, а против трите лица ќе биде поднесена кривична пријава.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани