АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Утре во 14 часот премиерот на Република Бугарија Кирил Петков ќе присуствува на отворањето на клубот „Ванчо Михајлов ВМРО“ во Битола лоциран ан улицата „Рузвелтова“ број 1. Ќе биде во придружба на бугарската вицепремиерка Илиана Јотова, актуелната министерка за надворешни работи Теодора Генчовска и поранешната Екатерина Захариева и лидерот на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов.
Истиот ден министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на МЕПСО, Орхан Муртезани ќе ја пречекаат владината делегација од Република Бугарија на чело со премиерот, Кирил Петков и министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, на работна посета на Коридорот 8. Во 15:30 часот двете делегации ќе остварат посета на далноводот кој тргнува од „Битола 2“ и е дел на проектот за енергетско поврзување на Коридор 8, наменет за реализација на интерконекцијата Северна Македонија-Албанија.