2win800x200

Пред отворањето на Клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола најавени протести

Април 15, 2022

Еден час пред отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов ВМРО“ во Битола на кое ќе присуствува бугарскиот државен врв предводен од премиерот Кирил Петков, Здружението „Дамјан Груев“ закажа мирен протест пред Центарот за култура. Протестот ќе се одржи во 13 часот на локација оддалечена на стотина метри од местото каде е бугарскиот клуб. Од Здружението соопштија дека протестот по повод доаѓањето на Петков во Битола и за зачувување на македонското достоинство. Ги повикаа сите граѓани на Битола и АМкедонија за масовно присуство.

Исто така на социјалните мрежи се организира и друг протест пред бугарскиот клуб на „Рузвелтова“ и тоа во исто време кога таму ќе биде и бугарската делегација, во 14 часот

„ Официјално да се отвори здружение со име на крвникот на Македонци, Ванчо Михајлов, со официјална посета на премиер на соседната држава која побугарува македонска историја и култура. Ако не друго, во најмала рака, Македонци таму ќе веат македонски знамиња“, пишува на статусот со кој се повикува на собир пред Клубот.

Утре во 14 часот се очекува премиерот на Република Бугарија Кирил Петков ќе присуствува на отворањето на клубот „Ванчо Михајлов ВМРО“ во Битола лоциран ан улицата „Рузвелтова“ број 1. Ќе биде во придружба на бугарската вицепремиерка Илиана Јотова, актуелната министерка за надворешни работи Теодора Генчовска и поранешната Екатерина Захариева и лидерот на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани