2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Во испразнeта улица и со многу полициско обезбедување се отвори бугарскиот клуб во Битола

Април 16, 2022

Во затворена улица за минувачи, под силно полициско обезбедување, денес во Битола во присуство на бугарскиот владин врв предводен од бугарскиот премиер Кирил Петков беше отворен бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов ВМРО“. Пред отворањето на педесетина метри оддалеченост, поточно на Широк Сокак се одржаа граѓански простести.

„Ние сме против отворањето на канцеларијата во центарот на Битола, ова е срамно, во центaрот на градот да се негува фашизмот и империјализмот, ќе поднесеме декларација против глорификација на фашизмот. Битола е град со жртви како Стив Наумов , Елпида Караманди, a се отвора канцеларија со име Ванчо Михајлов колку бил фашистички настроен“, рече Горан Велевски од Левица Битола.278573311 2222431771241683 3278591438942425696 n

Никола Костурски oд заедница на Македонците протерани од Грција рече дека протестот не е против бугарскиот народ, туку против бугарската влада која ги негира и не ги признава Македонците.

„Не сме против бугарскиот народ, туку против бугарската Влада која не негира Македонците, а нашите таму од ОМО Илинден Пирин немаат никакви права и не

дозволуваат да се регистрираат иако има многу пресуди од судот за човекови права во Стразбур“, рече Костурски.278297086 720239905668538 9155354718126560907 n

Премиерот Петков изјави дека културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола треба да биде мост меѓу двете земји и да помогне да се освојат срцата на двата народа. Бугарите во Северна Македонија да бидат рамноправни како и другите народи, па дури и темата за влез во уставот за која толку многу се зборува е всушност реална и не дека не може да се постигне, рече бугарскиот премиер Кирил Петков на отворањето на Бугарскиот клуб„ Ванчо Михајлов ВМРО“ во Битола. Запрашан кога ќе се дозволи Македонците да отворат македонски клуб во Бугарија рече дека колку има повеќе вакви клубови и активности од двете страни народот ќе биде поблизок.

„Колку повеќе имаме локални дејности , колку повеќе од двете страни има врска и народот се чувствува како едно, толку подобро зашто политичарите доаѓаат и си заминуваат, а ваквите врски остануваат. Ваквите центри даваат основа за добрососедство“, рече Петков.

Тој додаде дека за Бугарите во Македонија и за бугарскиот интерес е важно државата еден ден да биде член на Европската унија зашто од тоа зависи стабилноста на Балканот.278330506 409655780512997 7338838717434647197 n

 Клубот беше отворен со интонација на бугарската, македонската химна, како и со маршот „Изгреј зора на слободата“. Улицата „Рузвелтова“ во центарот на Битола беше затворена за минувачи и имаше силно полициско обезбедување. На отворањето присуствуваа педесетина лица, од кои мал дел битолчани. Внатре меѓу бугарските дејци ставени се и фотографии на македонски револуционери, меѓу кои и Даме Груев.278298955 5008593185889751 6986283659096044792 n

„Македонски Бугари бараме од Владата да се отвори уставот и да не запишат како државотворен народ, да го почитува договорот од 2017 и општата историја. Ако општата историја остане само празен текст од договорот од 2017 година, ќе е трагедија за нашиот народ овде оти нашите деца ќе продолжат да учат лаги. Ние не сме малцинство ние сме народот кој даде Илинденци во Македонија и на целата бугасрска нација“, рече Љупчо Ѓоргиевски од Бугарското здружение во Битола.

На улицата „Рузвелтова“ каде е отворен центраот се наоѓаат објекти кои пред депортацијата беа Еврејски. Воедно Битола е град каде во време на Втората светска војна беа депортирани над 3000 Евреи. Ванчо Михајлов, кој за македонската историја останува контраверзна линост нема врска со Битола, напротив студирал во Штип и Солун, но клубот се отвори во Битола спроти Пионерскиот центар.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани