РЕАКЦИЈА НА ОМО „ИЛИНДЕН“-ПИРИН

Април 17, 2022

 РЕАКЦИЈА НА ОМО „ИЛИНДЕН“-ПИРИН, ВО ВРСКА СО ИЗЈАВАТА НА ПРЕМИЕРОТ КИРИЛ ПЕТКОВ ПРОТИВ МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО ВО БУГАРИЈА  17 Јануари, 2022

За жал со својата изјава дека во Бугарија нема македонско малцинство бугарскиот премиер Кирил Петков се вклучи во тоталитарната штафета, започната од Тодор Живков и пренесувана како срамна зараза преку Борисов и Каракачанов та сѐ до него. Срамна компанија – срамна болест. И срамен почеток за мандатот на премиер, на кој се полагаат толку надежи. Но што ли може да с еочекува, кога попаднал во коалиција во која има толку многу духовни внуци на Тодор Живков?

Колку ли е апсурдно чувството да зборуваш очигледни лаги во кои никој освен измамените граѓани на Бугарија не верува?!

Прогонувањето и асимилацијата македонското малцинство беше првиот „преродбенски процес“ започнат од Тодор Живков и единствениот, кој уште не е запрен а ниту осуден. Тоа е последната тоталитарна политика во Европскиот сојуз и како таква таа е и бугарски срам за Европа.

Негирањето на македонското малцинство во Бугарија е срамот на бугарската држава и демократија.

Но за жал во Бугарија лагата е претворена во национално достоинство, беззаконието – во обичај, кршењето правата на луѓето – во нарав, асимилацијата и дискриминацијата – во дел од животот.

Но не само Петков, туку и милиони да ја повторуваат лагата дека во Бугарија нема македонско малцинство, тоа нема да ја претвори во вистина, ниту ќе направи Македонците да ги снема. Зборовите на негаторите немаат власт да ја променат реалността, дека во Бугарија македонско малцинство има и ќе има. Зашто не гласот на оние што негираат има вредност и се брои, туку гласот на оние кои се самоопределуваат и ќе продолжат да се самоопределуваат како Македонци, како нивните татковци и дедовци.

Колку побрзо Бугарија се ослободи од лагата дека нас не нема, како и од останатите свои свети лаги против Македонија и Македонците, толку подобро ќе биде и за неа и за сите граѓани на Бугарија и на Балканот.

Му посакуваме на премиерот брзо излекување од овој срам и оваа болест.

Лек и вакцина против неа е само вистината. Друг не постои.

ОМО „Илинден“-ПИРИН

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани