2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Пијаното од Трифун Костовски пренесено во Офицерскиот дом

Април 20, 2022

Пијаното „Безендорфер“ тешко половина тон, донација од пред две децении на Труфун Костовски за Фестивалот на класинчна музика „Интерфест“, денес со кран беше пренесено во концертната сала во Офицерскиот дом во Битола. Ова скапо пијано чија вредност денес достигнува до 160 000 евра, во изминатите години се чуваше во битолскиот Завод и музеј. Сега се врати во најакустичната сала во Битола, онаа во Офицерскиот дом , каде во минатото, а и денес се одржуваат концерти со класична музика.

„Битолчани сметаат дека Офицерскиот дом е домот на ова пијано кое во 2000 година го донираше Трифун Костовски на Општина Битола со цел да се користи за потребите на фествалот на класична музика . Токму со пренесувањето на пијаното оваа сала ја добива својата вистинска душа, си одговараат и по кавлитет и по акустика. Оваа села е душата на концертите во нашиот град“, рече Лили Бошевска, директор на Културно -информативниот центар во Битола.

Во Офицерскиот дом се подготвува да се направи музејска поставка на современа битолска уметност, а ова лето ќе се одржи ретроспективна вечер на најубавите битолски серенади, кое потоа се очекува да стане традиционален фестивал.278582602 539360007585567 2534161116339060217 n

278540017 1326661594524219 4758924854341845424 n

278576293 364054638998690 8823602389674411975 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани