АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Мрежата на хортикултурни библиотеки од Балканот има свој роден крај, тоа е Битола, како и своја химна „Битола мој роден крај“, рече Мирко С. Марковиќ, библиотекар и основач на регионалната мрежа. Тој е син на познатиот писател и филолог Слободан Ж. Марковиќ, кој дека прв отворил катедра на македонски јазик надвор од Македонија. Мирко овие два дена е учесник на регионалната средба на хортикултурни библиотеки што се одржува во НУУБ„Климент Охридски“ и со присутните сподели едно семејно сеќавање дека омилена песна на неговиот татко му била „Битола мој роден крај“.
„Омилена песна на мојот татко му беше ‘Битола мој роден крај’. Многу ја сакаше Битола. Шест месеци тука другаруваше со Славко Јаневски. Потоа замина во Велес и ги направија Рациновите средби, па престојуваше во Скопје и на крај ја отвори првата катедра за македонска книжевност надвор од Македонија. Кога поминав низ Битола сфатив зошто таа песна е толку важна. Ете, таа песна е химна на некој начин на оваа хортикултурна мрежа и хортикултурните библиотеки имаат свој роден крај , а тоа е Битола“, рече Марковиќ.
Во Битола овие два дена се собрани библиотекари од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора кои разменуваат искуства и осмислат понатамошни активности кои ќе ги унапредат програмите на библиотеките и ќе овозможат ширење на хортикултурната библиотечна мрежа.
„Битолската библиотека стана дел од мрежата на хортикултурни библиотеки. Концептот се состои во запознавање, користење и практична апликација на знаења за литературата од областа на ботаниката како и промовирање на литература од истата област. Со тоа библиотеките го унапредуваат квалитетот на своите услуги преку поголемо користење на фондовите на библиотеката и обликување на позитивна свест за уредување на работни и животни простори, креирање на нови библиотечни програми. На тој начин библиотеките стануваат своевиден посредник во изградба на современото и еколошко живеење овозможувајќи побрз пристап до активности со култрна нота“, рече диреркторот на Универзитетската библиотека од Битола, Бојан Стефановски.
Хортиклултурните библиотеки, како што нагласи Јелена Петровска, координатор на проектот, се еден нов тренд во библиотечно работење поддржан од Интернационалната федерација на библиотеки и е составен дел на УНЕСКО програми од Обединетите нации кои промовираат програми за развој на паметни градови со еколошки содржини.
„Ја отворивме и темата со РЕК Битола за тематски содржини поврзани со рудникот Колубара, рударски басен огромен кој ја снабдува цела Србија со енергија. Тие имаат рекултивација на земјиште, па ние како библиотека сакаме да пренесиме искуства за рекултивација на земјиштето во РЕК преку расадници и други култури. Колубата има големи искуства , па можеме да ги примениме и на нашите почви“, рече Петровска.