АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Уште од почеток на Велигденскиот Пост, кога секоја твар се измирува, па дури и дрвјата со гранките се поклонуваат едни кон други, правејќи слика на покајание и прошка, ние слушнавме за немири и судири меѓу Русија и Украина, односно воени операции врз Украина од страна на Русија.
Веднаш се поставува прашањето: „Кој прв почна?“ или поточно кој ги предизвика тие судири и немири. Секако, дека ниту мирољубивиот и благочестивиот Руски и Украински народ, туку оние што сакаат да имаат воена светска моќ во оваа светска глобализација. Обично, секогаш се обвинуваат не оние што ги создале судирите и немирите, туку оние што се учесници во судирите и немирите, а сите немири се заради покажување моќ и приграбување на материјални богатства и ресурси. Најголемата трагедија е во тоа што, предизвикувачите на овие судири и немири, ништо не прават за тие да престанат, туку напротив, уште повеќе ги поттикнуваат со помагање, да продолжат тие судири во кои страдаат невини луѓе, а тие, пак, предизвикувачите на тие судири и понатаму остануваат неми сеирџии на страдањата на немоќниот народ, старците, мажите, жените и децата, стои во посланието на Владиката Петар.
Понатаму митрополитот Петар го отвора прашањето -Кој е најповикан да ги прекине овие судири и војувања на браќа против браќа , како и тоа дека Велиден треба да биде денот кога треба да седнат на зедничка маса завојуваните и инволвираните во судирот.
-Доколку не можат или не сакаат тоа да го направат политичките управители, не само на Украина и Русија, туку и на сите инволвирани страни во овие судири. Очигледно, претставниците на светските организации за мир и безбедност, дека не само што се немоќни, туку за жал подлегнуваат на глобалистичките интереси и воени профитерства, па затоа сметаме дека не ќе можат тие пред Бога да се оправдаат, па дури и претставниците на Црквите и верските заедници, ако не седнат пред Празникот над празниците, Велигден на заедничка маса и не се договорат да изнајдат начин како да ги сопрат судирите. Ако ништо друго, нека се поучат од примерот на Свети Климент Охридски Чудотворец, кој кога царот Симеон одлучил да започне воени дејствија во Македонија, во длабока старост Светителот од Охрид во Плиска или Преслав, отишол кај царот и му рекол дека, ако отпочнат воените дејствија во мојата јуриздикција (Македонија – епархијата на Свети Климент), јас си давам неотповиклива оставка, па така, ги спречил воените дејствија во Македонија, пишува во посланието на митрополитот Петар.
На крај владиката Петар, прстот го вперува во сите оние што имаат одговорност да допринесат да се врати мирот во Украина, а меѓу нив е и црквата.
-Со други зборови кажано, ако не се спречат овие воени судири, одговорноста покрај на светските управители на мирот и безбедноста на светот и Обединетите Нации, ќе падне и на сите претставници на Црквите и верските заедници, инволвирани во овие судири. Нам ништо друго не ни останува, освен да се молиме на Христа Бога Воскреснатиот, да престане оваа братоубиствена трагедија на овие два, во најголема мера еднородни и едноверни народи, порачува митрополитот Петар во велигденското послание.