Над 200 млади кошаркари на меѓународниот турнир во Битола

Мај 08, 2022

Два дена Битола беше центар на младинската кошарка во Мaкедонија. 16 екипи во три категории се натпреваруваа на 10. Меѓународен Велигденски кошаркарски турнир „Битола 2022“ кој што беше во организација на КК „Младост“ и Општина Битола. Натпреварите се одиграа во три спортски сали со учество на преку 200 млади кошаркари и кошаркарки. Свој натпревар имаа и ветераните на КК „Младост“ кои потсетија на времето кога беа два пати прваци на државата во младинска конкуренција и имаа повеќе успешни настапи на турнири ширум Европа во периодот 2003-2007 г. Единствена екипа од странство беше „Olympia Larissa B.C.“ од Лариса-Грција која прикажа игра на ниво на кошарката од земјата од каде доаѓа.

Организаторот додели медали и дипломи на најдобрите по категории, а беа пригласени и најдобри играчи (MVP) во секоја категорија.

-Како и секоја година во минатото турнирот помина во одлична организација и добри натпревари. Задоволен сум од постигнатите резултати и воопшто квалитетот на натпреварите. Им благодарам на екипите од другите градови, посебно на нашите гости од Грција кои учествуваа на турнирот-изјави Горјан Стојановски, претседател на организациониот одбор на турнирот.

-Прв пат учествуваме на ваков турнир во странство. Одлично организиран од професионалци и задоволен сум од постигнатиот пласман. Остануваме во контакт со КК „Младост“ од Битола со кого во иднина ќе одиграме и пријателски натпревари кај нас-изјави , Парис Сокас, тренер на „Olympia Larissa B.C.“.

-КК „Младост“ на чело со Горјан Стојановски одлично си ја знае работата кога се во прашање вакви турнири. Турнирот беше организиран на високо ниво со квалитетни натпревари-изјави легендата на македонската кошарка Стерули Андоновски кој двата дена со посебно внимание ги следеше натпреварите.

  Владимир Прчков

кк2

кк

кк3

кк4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани