АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Дописникот на МРТ од Битола, Стевче Митревски е добитник на наградата за новинарство „Тоде Петревски“ за 2022 година, која Битолски весник ја доделува веќе 18 години. Наградата се доделува во чест на прерано починатиот доајенот на битолското и македонско новинарство Тоде Петрески, долгогодишен дописник на Радио Скопје од Битола.
„17 години сум новинар во националниот сервис, а четир децении лојален на матичната куќа. Посебно ме прави горд зашто почнувајќи со техника , па до денес како новинар, етапно, макотрпно сум ги поминал сите премрежја, за да бидам она што сум денес, а и современото новинарство вели дека комплетен репортер е оној кој знае да да пишува и да фотографира и да снима и да монтира... За мене не канцеларискотоското туку теренското е она вистинсото новинарство“, порача Митревски.
Сопственикот на „Битолски весник“, новинарот Менде Младеновски, кој ја додели наградата, рече дека настанот би го започнал со тишина зашто таа најмногу зборува за финансиската состојбите во медиумите во Битола. Но, се предомислил гласно да зборува за проблемите зашто Тоде не го сакал молкот, туку гласното зборување за вистината.
„ Новинарството во Битола е во далбока кома, на умирање. И од нас зависи дали новинартството ќе изумри како професија. Во изминатите десетина година згаснаа десетина медиуми, во изминатите месеци три-четири и од 130 медиумски работници и новинари денес останаа петнасесетина. Мора глсно да зборуваме. Политичарите сакаат да ја замолкнат слободната мисла. Новинарството е храброст. Ќе не` има додека пости и последниот новинар“, рече Младеновски.
Сопругата на Тоде, Снежана Петревска, изјави дека новинарската професија треба и мора да биде разбудениот дел од народот.
„Им пожелувам на сите кои се занимаваат професионално со новинарство да бидат храбри и да бидат еден Тоде Петрески“, рече Петревска.
Ќерката на новинарската легенда, Даниела Петревска, исто така порача пред присустните: „Јасно и гласно да го кажувате вашиот збор, да ја кажувате вистината и да ја презентирате пред јавноста“.