2win800x200

Одреден притвор за Ламбе Алабаковски (фото Апла.мк)

Јуни 07, 2022

На пејачот Ламбе Алабаковски, кој е обвинет за потпалување на бугарскиот клуб во Битола, изречена му е мерка притвор.

Од СВР Битола соопштија дека од судија на претходна постапка одредена е мерка притвор за Л.А (34).

Тој утрово беше упасен откако од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола .

Имено, по преземени мерки и активности за откривање на сторителот и обезбедување докази во врска со случајот со пожарот на културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, со наредба од Основен суд Битола, извршени се претреси на дом и други простории кои ги користи Л.А., на две локации во Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело.

Лицето е приведено во полициска станица и при извршен службен разговор во целост го признало делото, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.288 ст.1 од Кривичниот законик.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани