2win800x200

Келнерка точела алкохол на 10 малолетници помали од 14 години

Јуни 08, 2022
Фото drogmegelozes.hu Фото drogmegelozes.hu

СВР Битола, Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект лоциран на ул.„Рајко Жинзифов во Битола и против А.Д.(24) од Битола, вработена во објектот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење на алкохолни пијалоци на дете, казниво по член 204 од Кривичниот законик.

Како што соопштија од СВР, на 24.12.2021, во периодот од 22.30 до 23.30 часот, при контрола во објектот било утврдено дека А.Д. послужила со алкохолни пијалоци 10 малолетници, кои не наполниле 14 години.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани