Пијани малолетници во објект за прослави затекна синоќа полицијата во Битола

Октомври 24, 2022

Синоќа  во 22.30 часот во СВР Битола е пријавено дека во изнајмен објект на ул.Елпида Караманди во Битола каде се одржувала прослава биле присутни малолетни лица кои конзумирале алкохол. Полициски службеници од Оделението за криминалистичка полиција, Отсекот за општ криминал при СВР Битола и Полициската станица Битола излегле на местото на настанот и констатирале присуство на малолетни лица и дека постои основано осмнение за сторено кривично дело „Точење алкохолни пијалаци на дете“ казниво по чл. 204 ст.1 од Кривичниот законик. 

 
Воедно на местото на настанот бил присутен и В.С.(19) од Битола кој го набавил алкохолот, а при контролата на присутните малолетници кај девет од нив е утврдено присуство на алкохол и истите се вратени на родителите. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани