2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Затекнати малолетници со алкохол, се точело и во угостителски објект на Широк Сокак

Септември 10, 2022
фото sitel.com.mk фото sitel.com.mk

 

 На 09/10.09.2022 во времето од 22-02.00 часот полициски службеници од СВР Битола-ОКП Битола при вршење на акциска контрола според планот „Безбедно лето 2022 “ во повеќе угостителски објекти, обиколка на школски дворови, паркови, паркинг простори, игралишта во Битола, затекнале малолетници  кои се послужени со алкохолни пијалаци и кај кои било утврдено присуство на алкохол. Малолетниците во присуство на претставник од Центарот за социјална работа се предадени на родителите.

Имено, на 09.09.2022 во 22.45 часот при контрола во угостителски објект на ул."Широк сокак" беа затекнати три малолетни лица послужени со алкохолни пијалаци за што ќе следува пријава за угостителите по чл. 204 од Кривичниот законик. Исто така, на 10.09 во 01. 00 часот во продавница лоцирана на ул"Широк Сокак" управител и вработено лице послужиле три малолетници со алкохол. Децата се предадени на родителите. Следува соодветна кривична пријава. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани