АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пуштен за сообраќај е мостот кај Безистенот во Битола кој се реконструираше во изминатите месеци.
Проблемот се појави во ноември минатата година кога беше констатирано сериозно оштетување на носачите. Во изминатите месеци сообраќајот беше пренасочен на подолниот мост, па се создаваше метеж.Со отворањето на реновираниот мост, за сообраќај пуштена е и улицата кај црквата Св Димитрија., која во изминатиот период беше забранета за возила.
Од Општината најавија дека ќе следува ревизија и врз другите мостови во градот, која не е направена 40 години.