2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Ламбе Алабаковски е на слобода, но со одземен пасош

Јуни 14, 2022

Поп пејачот Ламбе Алабаковски, кој беше во куќен притвор, од денеска е   на слобода, но нему му е одземена патната исправа, како мерка на претпазливост. Вака одлучи Кривичниот совет  на  Основниот суд во Битола , потврди за за апла.мк адвокатот на Алабаковски,  Дарко Стефановски. 

 
Тој е осмничен   за подметнување на пожарот во Културниот центар Ванчо Михајлов во Битола, а според полицијата го признал делото. 
 
Настанот се случи на 4 јуни, во раните утрински часови кога Алабаковски со бензин го запали влезот   на културниот центар  по што изгоре влезната врата на објектот.
 
Полицијата го откри потпалувачот три дена по настанот, а судија на претходна постапка му одреди 8 дневен притвор, кој беше заменет со куќен притвор, со образложение дека постои можност за бeгство затоа што пејачот има двојно државјанство, македонско и на САД  каде живееше до неодамна.
 
Сега пејачот ќе се брани од слобода, а Обвинителството го сомничи за кривичното дело Предизвикување општа опасност по член 288 став 1 за што е предвидена казна затвор од 6 месеци до 5 години
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани