Градот не е нем, се журка- најава за 21 издание на „Битола отворен град’’

Јуни 15, 2022

Од 23 до 26 Јуни, по 21 пат ќе се случи „Битола отворен град“- интернационален младински арт фестивал во организација на Младински културен центар- Битола. И ова нема да биде само ново издание, организаторите на својот прес најавија дека ќе биде концептуални пречекорување на двете децении постоење на начин кој ги носи директно во редовите на новите генерации.

“Во годината кога МКЦ Битола одбележува 25 години од своето постоење го реализираме 21-то издание на фестивалот Битола отворен град спаковано во ново руво. Го подаруваме фестивалот на младите во градот и Регионот со силно уверување дека Битола имала и ќе има авангардна младина и критична маса подготвена за големи предизвици”, изјави Сашо Додовски, директор на МКЦ – Битола на средбата со новинарите.

288355894 1421472538300442 1116849413844539203 n

Фестивалот годинава целосно е посветуветен на новата генерацијата, популарно наречена Gen Z и новиот свеж бран кој таа со себеси го носи.

“Оваа генерација ги промени стандардите, воспостави нови форми на користење на социјалните мрежи и ги наметна на сите други генерации. Оваа генерација ги користи социјални мрежи за комуникација, наместо да го изложува својот интимен свет во јавност. Ова фестивалско издание комуницира токму така, надвор од стандардите, со нови форми” објасна Маја Ангеловска, програмска менаџерка на МКЦ.

287195709 338259118460758 21299165225176000 n

Редица артисти од електронската музичка сцена, уметнички дијалози за музика и ликовна уметност, промоција на монографијата посветена на „Мизар“ ќе се одвиваат во дворот на МКЦ, лоциран во старото градско јадро на Битола. Берза на винили со гости од соседните земји ќе има пред „Јагода“ на Широк Сокак, а фестивалот завршува со голем концерт во градскиот парк.

“Големиот музички хепенинг ќе го организираме во недела 26 јуни со почеток во 20.00 часот. Локацијата е Градскиот парк во Битола. Ќе настапат три музички бендови. Битолската група ВЕЛ, бендот БAiLDSA од Солун, Грција и Helem Neјse од Сараево, Босна и Херцеговина. Ќе биде гласно, ќе биде урбано и во секој случај забавно. Три енергични млади бендови за нула денари. Настанот е отворен за сите љубители на урбаната музика од Битола и регионот. Битола е отворен град за сите” - изјави Златко Талевски, извршен директор на МКЦ – Битола.

286971896 437897037782519 8642499747486402659 n

Под слоганите ГРАДОТ Е СЕГА И ОВДЕ! ГРАДОТ НЕ Е НЕМ! ГРАДОТ СЕ ЖУРКА! ГРАДОТ СЕ САКА ГРАДОТ Е ОТВОРЕН...по 21 пат Битола отворен град ќе и се случи на Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани