АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Виктор Дамјанов е ученик во Нижото музичко училиште во Битола кој одлично свири труба и е најмладиот свирач во Дувачкиот оркестар во Битола. Доказ за неговиот успех се и високите награди што ги освојува две години со ред на државните натпревари. Оваа година го освои првото место на националниот натпревар во Штип и трето место на државен натпревар во Скопје. Лани пак, беше втор на државниот натпревар.
Ова младо момче кое има 12 години, веќе четврта година како посетува часови во Музичкото училипте кај професорот Трајче Поповски. Сонуваше да биде тапанар, ама си ја засака и трубата , па свирењето му оди лесно како песна. Тој веќе настапува во скоп на Дувачкиот оркестар при Музичкото училиште од Битола и е најмладиот свирач во нивниот состав.
„Од прво сакав да тропам на тапани, но кога во училиштето ми рекоа дека сум за дувачки инструменти, се одлучив за труба. Вежбам секој ден и мојот инструмент за мене воопшто не е тежок за свирење “, ни рече Виктор.