2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Во август и септември почеток на работните активности за автопатот Прилеп-Битола, соопшти Владата

Јуни 28, 2022

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за одржаната втора седница на Комитетот за преговори за склучување на Договор за градење на Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и Проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, на којашто е формиран тимот за експропријација предводен од Министерството за финансии и во којшто се вклучени претставници за ефикасно спроведување на овој процес.

Согласно оваа информација, Владата го задолжи Јавното претпријатие за државни патишта во рок од 10 дена да формира Проектна единица за спроведување на проектот, којашто е предвидена со Договорот за градба со стратешкиот партнер „Бехтел и Енка“ за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп – Битола).

Почетокот на работите на овие автопатни правци е предвиден за август и септември оваа година.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани