2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ВМРО-ДПМНЕ ВО НЕДЕЛА СО ДЕФИЛЕ, СОБИР И ТОРТА ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖИ 28-ОТ РОДЕНДЕН ВО БИТОЛА

Јуни 12, 2018

ВМРО-ДПМНЕ својот 28-ми родненден ќе го слави оваа недела со почеток во 13 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола, дознава Апла.мк од партиски извори.

На роденденот се очекува да присуствува членство и симпатизери од цела Македонија. Збирното место ќе биде во близина на Спортската сала „Младост“, а потоа со дефиле низ битолското Корзо, поворката ќе стигне до плоштадот Гоце Делчев. Таму ќе се одржи партискиот собир, ќе се интонира македонската химна, се очекува да има обраќања и голема роденденска торта.

 

На одблежувањето на 28 годишното постоење на партијата, ќе присуствува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски и актуелното раководство на партијата. Дознаваме дека ќе се поканат и сите досегашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, почнувајќи од поранешни пратеници, градоначалници, амбасадори, директори и други кадри за да се прикаже единство во партијата.

Мицкоски уште минатата недела најави дека роденденот ВМРО-ДПМНЕ ќе го одбележи во Битола, а при неговата неодамнешна посета на градот рече дека токму Битола им е важна и него и на партијата и таа во новата програма која ја насловија „Нов завет“ има висок приоритет.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани