2win800x200

Членови на ГДУ засадија цвеќиња во дупките на битолските улици

Јуни 10, 2018

Членовите на партијата „Граѓанско демократска унија“ од Битола, незадоволни од дејствувањето и ангажманот на градоначалничката, Наташа Петровска, решиле да засадат цветови во дупките на улиците, со цел да и подарат, како што велат, симболичен букет.

 

„Во име на вашите ‘задоволни’ сограѓани имавме должност да ви подариме еден букет, но поради вашата ‘ангажираност’ и недостапност решивме цветовите да ги засадиме во дупките на улиците од нашиот град, кој во моментот ви припаѓа вам, така што и цветовите се на правото место“, се наведува во партиското соопштение.

Од ГДУ и посочуваат на градоначалничката Петровска дека можеби сега не ги забележува дупките затоа што службените возила не го имаат истиот ефект како приватните возила на граѓаните, а и последиците не влијаат на нејзиниот домашен буџет.

Од „Граѓанско демократска унија“, незадоволни од ангажманот на битолската градоначалничка велат дека веќе е доста да се слуша за најави на проекти во идно несвршено време.

„Се уште очекуваме дека нешто ЌЕ направите, но добро знаете дека ЌЕ е идно несвршено време и добро звучеше во програмите кои ги нудевте, но во сите овие години се изнаслушавме само ЌЕ направиме ова, ЌЕ направиме она, а не видовме ништо на дело, па кој знае дали воопшто и возот за Грција конечно ЌЕ свирне“, стои во соопштението.

Од ГДУ додаваат дека битолските граѓани очекуваат враќање на одамна загубениот сјај на овај град кој, велат, во минатото имал реноме многу пошироко од овој регион.

извор Макфакс

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани