Увид по пријава за дискриманција во клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола

Август 04, 2022

Ескпратеничката Весна Бендевска, сегашен член на Комисијата за заштита и спречување на дискриминација, денес изврши увид во бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола. Таа рече дека увидот е по претставка на Здружение на граѓани кое го пријавело Клубот за дискриминација, но не откри кое однесување е пријавено за дискриминаторско. Увидот беше направен врз просториите на клубот.

„Ова е дефинитивно увид согласно член 29 од Закон за спречување и заштита од дискриминација. Работиме на претставка поднесена од Здружение на граѓани со оправдан интерес. Должни сме да ја сослушаме и другата страна. Овој пат дојдовме на најавен увид, од пред една недела, во просториите на потенцијалниот дискриминатор, како што наведува поднесителот во преставката. Комисијата не дава и не прејудицира наводи. Ќе се произнесеме штом постапката заврши. Има уште неколку институции што ќе мора да ги посетиме, да пријавиме документи , потоа мислењето ќе го објавиме пред јавноста и ќе биде јавно достапно на веб страницата’, рече Бендевска.

KLUB 2

За време на увидот во клубот имаше само една полицајка, а присутен беше и буарскиот кознул во Битола Димитар Иванов. Од бугарскиот клуб не сакаа да дадат официјална изјава, само рекоа дека увидот бил коректен и извршен врз просториите.

Во внтрешноста на клубот поставени се портрети од Ванчо Михајлов, Тодор Александров, Владо Черноземски, Мара Бунева и други контраверзни историски личности, но и на македонските војводи Гоце Делчев и Даме Груев.

На еден од ѕидовите врамен е и извадок од текст на Михајлов во кој се негира постиењето на македонската нација. Во него пишува „Можеме да се гордееме, бидејќи знамињата на ВМРО и Илинден беа и остануваат човекови права и слободи. Значи, залудни се сите напори на маскираната македонска „нација’’ да го лаже светот’’.

Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ беше отворен на 16 април годинава во присуство на поранешниот бугарски премиер Кирил Петков и други претставници од бугарскиот државен врб. Од отворањето тој ја бранува јавноста зашто го носи името на Михајлов кого македонскиот народ го препознава за соработник на фашистите во Втората светска војна. Па, влезната врата на клубот ја опожари познатиот пејач Ламбе Алабаковски. Клубот изгорената влезна врата ја замени со нова, но на неа го нема натписот од порано „Клуб Ванччо Михајлов ВМРО“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани