АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го извести Македонското министерство за надворешни работи дека при вчерашниот увид во просториите на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола бил присустен и генералниот конзул на Репубилка Бугарија во Битола, Димитар Иванов. За нив, присуството на конзулот е обид за влијание врз работата на Комисијата и можност за нејзина инструментализација за политички цели.
„При увидот, спротивно на досегашните практики, констатирано е дека освен претставниците на Здружението, присуствуваше и генералниот конзул на Република Бугарија, г-нот Димитар Иванов. Неговото присуство за време на извршувањето на своите законски надлежности, Комисијата го доживува како обид за влијание врз работата на ова независно тело за еднаквост, но и можност за инструментализација на Комисијата во политички цели, за што го извести и МНР. Според одредбите содржани во Законот, Комисијата е самостоен и независен орган избран од Собранието на РСМ и за својата работа одговара единствено пред оваа институција“, пишува во соопштението на КСЗД.
Тие вчера постапуваа по претставка на Здружение на граѓани од Битола кое го пријавело Клубот за дискриминација. Увидот го вршеше експратеничката Весна Б ендевска, сега член на комисијата, која не откри кое однесување е пријавено за дискриминирачко, но посочи дека по завршувањето на постапката, мислењето ќе го објават пред јавноста.
Во внатрешноста на клубот поставени се портрети од Ванчо Михајлов, Тодор Александров, Владо Черноземски, Мара Бунева и други контроверзни историски личности, но и на македонските војводи Гоце Делчев и Даме Груев.
На еден од ѕидовите врамен е и извадок од текст на Михајлов во кој се негира постоењето на македонската нација. Во него пишува „Можеме да се гордееме, бидејќи знамињата на ВМРО и Илинден беа и остануваат човекови права и слободи. Значи, залудни се сите напори на маскираната македонска „нација’’ да го лаже светот’’.