2win800x200

Вечерва пред Офицерски, македонскиот филм „Дедо и внук“

Август 24, 2022

Придружната или Off-програма на ИФФК „Браќа Манаки“ која се реализира на летната тераса од Офицерски дом во Битола, вечер продолжува со македонскиот игран филм „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски.

Филмот на Пиперкоски во кој кинематографер е Петру Паунеску од Романија, е добитник на бројни награди во земјата и странство, меѓу кои и наградата за најдобар странски филм на престижниот Independent Film Awards во Лондон, The Buddha International Film Festival, наградата за „Најдобар филм“ на Интернационалниот Филмски Фестивал во Париз, две признанија за извонреден придонес во светот на филмот (Outstanding contribution to the world of Cinema) од 4-th Dimension Independent Film Festival, награда на TIFF -Tagore International Film Festival во категоријата играни филмови и други.

Во филмот кој е помогнат од македонската Агенција за филм, настапуваат актерите Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски и Благој Веселинов..Проекцијата на филмот е вечер во 20:30 часот на терасата пред Офицерски дом во Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани