2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Со свеченост отпочна академската година на Техничкиот- факултет со најдолга традиција на Битолскиот универзитет

Октомври 03, 2022

Со свеченост беше одбележан почетокот на новата академска година на Техничкиот факултет во Битола кој со своите 61 година постоење е најстариот на Битолскиот универзитет и една од високо-образовните институции во земјава со најдолга традиција. На одбележувањето присуствуваа новиот декан на Факултетот Митко Костов, професорите, градоначалникот Тони Коњановски, претставници на битолското стопанство, меѓу кои директорот на РЕК Пеце Матевски, на ЈП „Стрежево“ Менде Граматковски, други општествени работници, како и бруцоши и студенти од другите години.

309618524 518221220309241 7720804131365513060 n

Деканот Костов рече дека една од основните цели на ТФБ е да им овозможи на студентите да добијат реално знаење што е употребливо директно во науката, но и во индустријата и општеството.

novanova

„Факултетот е многу повеќе од само згради и училници, го прават луѓето кои работат во него. Бројот на професори на ТФБ е поголем споредено со сите други факултети на УКЛО, имаме педесетина врвни професори. Тоа е гаранција дека студентите ќе добијат квалитетно и врвно образование. Без лажна скромност, можеме да кажеме дека Технички факултет Битола, како еден од најстарите технички факултети во земјата, е факултет на можности за сите студенти. Колку за пример, денес сме горди на традиција од 61 година постоење, имаме склучено над 50 меморандуми за практикантство со разни компании каде што студентите ќе можат да извршуваат практична настава, обезбедуваме стипендии за најдобрите студенти и правиме напори да обезбедиме уште повеќе“, рече Костов.

На Техничкиот факултет годинава се запишаа над 110 бруоши што е бројка приближна како и минатите години.

309875685 518221306975899 1202909771045005212 n

„Тука некаде е бројката како и минатата и предминатата година, но со сите новонастанати услови мислам дека релтивно е добро зашто бројот на матуранти на годишно ниво се намалува. Сите не студираат, некои заминуваат во странство, некои на други универзитети. Ние се трудиме и ќе продолжиме и понатаму со сите современи методи на комуникација да се промовираме“, додаде деканот.

309986050 866514994292521 8375532630515772485 n

Градоначалникот Коњановски рече дека 61 година постоење заслужува респект.

„Битола има добари факултети и база која како општина и граѓанско општество, како стопанство можеме да го искористиме сето она што овие факултети од секогаш го нуделе. Овој факултет е навистина основата на се она што значи развој во Битола и се надевам дека така ќе остане. Да им честитам на буцошите и да ни останат тука да бидат нова сила и иднина на градот“, рече Коњановски.

309560424 518221573642539 1851440249274340622 n

308672795 790096592042846 581798257289134119 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани