Новинарите од Битола денес остварија конструктивна средба со кандидатот и актуелен претседател на ЗНМ, Младен Чадиковски. На средбата беше разговарано за понатамошно подобрување на состојбата во локалните и регионални медиуми и општо во новинарството. На средбата беше истакнато дека треба да продолжат разговорите за Фонд на медиуми со кој ќе се финансираат квалитетни новинарски продукти, ќе се подигне стандардот на новинарите и состојбите во медиумите. Присутните се согласија да продолжат напорите на ЗНМ за постојани средби, тренинзи, обуки на ниво на регионалните центри на ЗНМ за да заживее новинарската солидарност на ниво на цела држава. Присутните се согласија на следното изборно Собрание да поддржат и свои кандидати со цел поголема застапеност во телата на здружението.