На 19 Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2022), која се одржа од 2 до 12 декември 2022 година во Богота, Колумбија, на која Македонија со свои ученици учествува од 2017 год., тимот од Македонија освои 4 бронзени медали, и тоа:
• Искра Нечаковска, ученичка во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“- Битола,
• Теона Ана Георгиевска, ученичка во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“ - Скопје,
• Даниел Христов, ученик во прва година во СОУ „Славчо Стојменски“ - Штип,
•
Михаил Шапчески, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје.
На олимпијадата успешно се претставија и учениците
• Марко Серафимовски, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје и
• Олег Трајковски, ученик во прва година во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ - Битола.
Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), кое во соработка со Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Македонското биолошко друштво (МБД) им го честитаат големиот успех на учениците и се заблагодарува на сите оние кои дадоа придонес во организацијата на општинските, регионалните и државните натпревари по физика, хемија и биологија, на двата селекциони натпревари преку кои беше избран тимот, објавија од Друштвото на физичарите на Република Македонија.