АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ултрасоничен професионален инхалатор наменет за болнички услови донираше советникот од СДСМ Борче Корлевски заедно со неговото семејство на Одделението за педијатрија при Клиничката болница во Битола. Инхалаторот кој е наменет за најмладите пациенти со респираторни проблеми е набавен од странство и чини околу 60.000 денари за што Корлевски донираше четири свои советнички хонорари.