АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Младиот битолчанец Лука Дамчевски го фати светиот крст за Водици во храмот Св Димитриј во Битола. Лука е средношколец и има само 15 години, ова е првпат да учествува на оваа црковна церемонија на фаќање на светиот крст. На младите верници им порача да се обидат и тие до следната година да бидат дел од традицијата за Водици. Преку 25 верници од Битола скокнаа по светиот крст во базенот во дворот на храмот Св Димитриј каде со светата литургија чиноначелствуваше митрополитот Петар. Скокачите неколку минути го бараа крстот во водите, а младиот Лука изјави дека за цело време го имал на дофат и го чувал.