2win800x200

Директорски смени во јавните претпријатија во Битола

Јануари 20, 2023

Директорски смени во јавните претпријатија во Битола

ЈКП „Комуналец“ Битола од денеска има нов директор, Горан Степановски, откако градоначалникот Тони Коњановски не и го продолжи ве-де мандатот на досегашната директорка Гордана Наумовска. Степановски досега беше директор на ЈП „Паркинзи“ Битола. Сега по оваа рокада во „Паркинзи“ за директор доаѓа Зоран Михајловски, вработен во РЕК „Битола“, инаку поранешен кадар на ВМРО НАРОДНА и екс-директор на ЈП „Пазари“ Битола.

„Општина Битола, ја известува јавноста дека, за в.д директор на Јавното претпријатие Комуналец е назначен Горан Степановски, кој доаѓа на местото на досегашната в.д директорка Гордана Наумовска.

Горан Степановски е економист кој доаѓа од раководната позиција на јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници (ЈППЈЛП). Степановски во изминатиот период, како директор на ова претпријатие покажа високи резултати во организирањето и реализацијата на програмата за работа и работните задачи на претпријатието.

На негово место, за в.д директор на ЈППЈЛП е назначен Зоран Михајловски, дипломиран сообраќаен инженер, соопштија од Општина Битола

Пред неколку месеци Коњановски не му го продолжи мандатот и на сега екс директорката на ЈП „Пазари“, Соња Карапашовска. На челната позиција во ова јавно претпријатие сега е  кадар на ПОДЕМ, Николче Гацовски.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани