Општина Битола ќе субвенционира дел од јавните претпријатија со близу 100.000 евра

Јануари 22, 2023

Во Буџетот на Општина Битола за 2023 година предвидени се средства за субвенционирање на Годишните планови за работа и Годишните инвестициони програми на јавните претпријатија. Ова е една од точките на дневен ред за која ќе се разговара на денешната седница на Совет.

За субвенционирање на Годишните планови за работа на  јавни комунални претпријатија:-ЈП за стопанисување со Индустриската зона Жабени-Битола, JКП Нискоградба, ЈП Пазари Битола и МЈП Пелалинк Битола и ЈП Паркинзи во вкупен износ од 6.099.770  денари алоцирани се средства  во следните потпрограми:

-Одведување и пречистување на отпадни води - планирани се средства во износ од 450.000 денари за субвенционирање на дел од трошоците за тековно  функционирање на ЈП за Жабени.

-450.000 денари за КЈП Нискоградба за купување на машина зачистење на канализација во колективни и индивидуални згради и приклучоци.

 -Во потпрограма Јавен локален превоз планирани се средства во износ од 699.770 денари за субвенционирање на трошоците на МЈП Пелалинк-Битола.

-Потпрограма за други комунални услуги планирани се средства во износ од 3.000.000 денари за субвенционирање на дел од трошоците за ЈП Пазари и 1.500.000 денари за купување на електрично вовче „Мечо“ од страна на ЈП Паркинзи.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани