2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Со субвенции од Општината, Паркинзи ќе купи ново вовче „Мечо“

Јануари 23, 2023
НЕКОГАШНОТО ВОВЧЕ МЕЧО- ФОТО „БАБАМ БИТОЛА“ НЕКОГАШНОТО ВОВЧЕ МЕЧО- ФОТО „БАБАМ БИТОЛА“

Општина Битола ќе го субвенционира Јавното претпријатие „Паркинзи“ со 1.500.000 или 24 590 евра за купување на електрично вовче „Мечо“. Вакво вовче пред повеќе години превезуваше битолчани и туристи од Широк Сокак до Зоолошката градона и назад, преставувајќи еден вид туристичка атракција. Сега пак ќе се воведува преку Програмата за субвенционирање на јавните претпријатија во 2023 година, преку која Општина Битола ќе даде 6 099 770 денари или скоро 100 000 евра за да ги помогне претпријатијата што самата ги основала.

На седницата на Совет беше кажано дека парите се за годишните планови за работа и инвестициски програми во претпријтијата. Така, за одведување и пречистување на отпадни води и трошоци за тековно функционирање Индустриската зона „Жабени“ ќе добие 450.000 денари. Исто толку и „Нискоградба“ за купување на машина зачистење на канализација. За јавен локален превоз планирани се средства во износ од 699.770 денари за субвенционирање на трошоците на „Пелалинк“. Потоа 3.000.000 денари за за дел од трошоците на „Пазари“.

Советникот од опозиционата СДСМ Борче Корлевски рече дека програмата за „Жабени“ наликува на магиите на Коперфилд зашто со 6,5 000 евра ќе направи одведување, зелени површини, тековно работење, енергетска ефикасност и фотоволтаици. За Пазари рече дека наместо за капитални инвестиции ќе се трошат пари за теховни расходи.

Неговиот колега Методија Илиевски од СДСМрече дека како опозиција ќе ја поддржат програмата, но упати критика дека се случил феномен- во една година да се сменат тројца директори. Директорката на „Комуналец“ Гордана Наумовска беше заменета со дотогашниот прв човек на „Паркинзи“, Горан Степановски од ВМРО-ДПМНЕ. На негово место дојде Зоран Михајловски од ВМРО-Народна партија. Претходно екс директорката на „Пазари“, Соња Карапашовска, па беше заменета со Николче Гацовски од Подем. .

„Јас сум советник во три мандати и, ваков феномен досега немало, да се сменат тројца директори во една година, се менувале ама во целиот мандат од четири години. Ова покажува дека владеачката гарнитура менува директори за лични интереси“, рече Илиевски.

Бојан Бојкоски од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ која го предводи советничкото мнозиство изјавија дека нема промена на диркетори за лични интереси, тоа не е точно и јавноста добро го знае.

Горан Велевски од Левица рече дека гласале воздржано за програмата зашто прво било најавано дека вовчето „Мечо“ ќе биде донација, а сега се купува со општински пари.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани