2win800x200

Од 1 февруари со воз од Битола до Жабени по новата пруга

Јануари 26, 2023

БИТОЛА – Новата пруга од Битола за Грција наместо за меѓународен сообраќај ќе служи само за транспорт на патници од Битола до ИЗ „Жабени“ крај Битола, каде е лоцирана германската фабрика за автомобилски делови „Кромберг и Шуберт“.

Пропаднаа сите надежи на битолчани и жителите од Пелагонискиот регион дека Грција ќе одат со воз и ќе јадат гиро во Лерин со поевтин превоз. Грците засега не покажуваат интерес да го реконструираат делот од пругата до Лерин.

Во новата пруга до Кременица се вложија милиони евра, што од државниот буџет, што на ЕУ. Реконструкцијата на пругата со комплетната инфраструктура е зафат вреден 17,2 милиони евра финансиран со грант од Европската унија (6 милиони евра) и со средства од државниот буџет (11 милиони евра).

Денска Општина Битола информира дека врз основа на известувањето добиено од Железници дека возот до Жабени ќе свирне на 1 февруари годинава.

„Општина Битола ја известува јавноста за пуштање во сообраќај на воз за превоз на патници на пругата Битола – Жабени. Во известувањето од претпријатието се наведува следното:

„ЈП ‘Железници инфраструктура’ доби барање за доделување траса за патнички воз на пругата Битола – Жабени од страна на железничкиот превозник ‘Железници транспорт’. Согласно барањето, возовите се планирани да започнат со сообраќај на 1 февруари 2023 година“, се наведува во информацијата.

Градоначалникот Тони Коњановски најавува две нови инвестиции во ИЗ „Жабени“, и отворање на нови капацитети после период од над десеттина години. 

„Во делот на економскиот развој на општината, во постапка сме на изготвување на стратегија за ЛЕР, а во Индустриската зона ‘Жабени’, веќе има двајца нови инвеститори од Германија и Турција, кои купија парцели и очекувам дека наскоро и овие инвестиции ќе се реализираат“, вели Коњановски.

За најавите на „Железници инфраструктура“ дека возот по новата пруга ќе оди само до новата железничка станица во ИЗ „Жабени“ каде е лоцирана германската фабрика „Кромберг и Шуберт“, која вработува близу 6.000 работници од регионот. Од „Железници  инфраструктура“ потврдија дека новата пруга од Битола до Кременица (граничен премин со Грција) е целосно подготвена, но дека немаат сигнали од грчка страна дека тие имаат намера да воспостават релација од граница до Лерин.  

За ИЗ „Жабени“ возот до Жабени ќе биде од полза и ќе значи побрз, поевтин и поеколошки транспорт за вработените во зоната, кои не доаѓаат само од Битола, туку и од Прилеп.

Директорот на зоната Владо Талевски рече дека над 5.500 работници се превезуваат со автобуси од Битола и другите делови на Пелагонија и тоа по пат од Битола до грчка граница кој не е обновен со децении и е во лоша состојба. По 35 до 40 автобуси возат на тој пат само за една смена да ги пренесат луѓето на работа или дома. Се работи во три смени во фабриката. Талевски смета дека сообраќањето на воз во целост ќе ја направи поатрактивна ИЗ „Жабени“ во Битола“ вклучително и за двете нови инвестиции.

Патот од Битола до грчката граница веќе се обновува.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани