АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Не дава оставка од претседател на Советот на Општина Битола, само излезе на телевизија да каже дека проектите кои се носат во Советот не се реализираат. Габриела Илиевска попладнево гостувајќи на Тв 24 вести се пожали дека работата помеѓу неа, односно ПОИНАКУ и Општината не се како што треба. Но, иако многумина кои ја следат политичката сцена во Битола очекуваа дека таа ќе ја „растури“ коалицијата со ВМРО ДПМНЕ, сепак Илиевска не манифестираше таква реторика.
Запрашана од водителот - Дали останува претседател на Советот на општина Битола и дали можеби е време да се повлече таа рече: „Не“.
-Знаете, наназад годините сите ние сме научени, кога има кампања за локални избори, имате носител на листа имате кандидат за градоначалник и скоро секогаш од истата партија кога ќе победи градоначалникот носителот станува претседател на Совет, и колку и да не оди работата, секогаш Советот му дава поддршка на градоначалникот. Меѓутоа, Советот и градоначалникот се две посебни институции и никаде не пишува дека ако некој не е задоволен од работата на општината или на градоначалникот не треба да си го каже своето мислење. Работата на претседателот на Совет е да ги води седниците, да носи одлуки и тие одлуки да стигаат до градоначалникот. Обврската да се спроведат одлуките е на градоначалникот и администрацијата. Јас како претседател на Совет барем досега сум немала некаков проблем во Советот, доколку некој смета дека јас не си ја извршувам работата и за тоа постои начин како да се смени претседател на Совет. Се собираат 16 советници и го менуваат претседателот на Совет. Меѓутоа она што јас го кажувам е дека во овој момент не функционира е донесените одлуки на Совет кои биле можеби и едногласно изгласани немаат реализација. И, немам намера за тоа да не кажувам или да ќутам, бидејќи тоа значи дека граѓаните на Битола нема да ги добијат работите и проектите за кои ние сме добиле поддршка, рече Илиевска и децидно кажа дека нема да си даде оставка, туку ПОИНАКУ ќе излезе на улица, само не кажа сценарио како тое ќе го направат.