АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Море шушме едно“ вака советникот на Поинаку, Иван Чулакоски, го нарекува советникот на Левица, Гаврил Трајковски, оти на Фејсбук напиша критика за функционирањето на Советот каде на чело е Габриела Илиевска од Поинаку.
Трајковски во пост сподели дека била свикана „Комисија за заштита на човековата средина и никој не ме извести за тоа!“.
По ова коментира-„ДПМНЕ и Поинаку мислат дека Советот на Општина Битола е нивна сопственост, ова не е прв пат да не сум известен за комисија. Додека глумат скарани, потајно свикуваат седници на комисии!“.
в
На постот, Чулакоски враќа со навредлив тон, па својот колега Трајковски го условува со „шушме“. На недоличното однесување на Чулакоски со коментари се впушта и Трајковски, па му порачува да не си ја ишка мувата од капата и дека по однесувањето е јасно дека Поинаку му седнало во скутот на ВМРО ДПМНЕ.