2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Балони со името на Јана се делеа на протестот во Битола

Април 05, 2023

Извештаите од надзорните на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Комисијата за стручен надзор не кореспондираат со исказите на семејството на починатата Јана, изјави на вечерашниот протест во Битола Игор Петковски, кумот на петгодишното девојче кое пред две недели почина на Клиничката болница во Битола. Тој во име на родителите на Јана и другите роднини и пријатели на семејството побара сите членови од двата надзори да излезат во контактна емисија во живо на телевизија и да одговараат јавно на поставени прашања од страна на јавноста. 

,,Бараме итен одговор кога тоа би се случило. Јавноста мора да ја дознае вистината за смртта на Јана", рече Петковски. 

На протестот се делеа балони со името на Јана, а приустните граѓани од плоштадот Магнолија, низ Широк Сокак се упатија до Офицерскиот дом каде беше пуштен голем балон кон небото со порака Јана да биде штит за идните дечиња да не ја доживеат нејзината судбина.

Таа почина на 22 март во Клиничката болница во Битола. Родителите изјавија дека состојбата ѝ се влошила откако ѝ била дадена инфузија по што ѝ се покачил шеќерот од 9 на 19 единици. Но, увидите на ДЗСИ и на Комисијата за стручен надзор не утврдија лекарска грешка. Според нив, мускулно-воспалителна реакција во рамки на вирусен инфект кој го зафатил и срцевиот мускул на девојчето со покачена вредност на срцевиот ензим-тропонин била  причината за смртта.

И по две недели откако почина петгодишната Јана уште нема резултати од обдукцијата. 

339636084 1196809407669143 6154219688145025176 n

339927592 6454854181192445 457031124461716532 n

339929213 779335520284309 917996544852585916 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани